Некогашниот фудбалски репрезентативец на Југославија кој донеодамна беше претседател на Фудбалскиот сојуз на Хрватска, Влатко Марковиќ, почина во 77 година од животот.

Марковиќ долго време боледувал од Алцхајмеровата болест, а пред неколку денови бил хоспитализиран поради воспаление на белите дробови.

Влатко Марковиќ е роден на 1.јануари 1937 година во Бугојно, каде во локалниот тим Искра ја започнал играчката кариера. Потоа играл во Челик, Динамо Загреб, Винер спорт клуб и Австрија Виена.

За репрезентацијата на СФРЈ одиграл 16 натпревари и бил дел од тимот кој на СП во Чиле во 1962 гоидна го освоил четвртото место.

Како тренер работел во Загреб, Стандард Лиеж, Ница, Хајдук, Динамо и Рапид, во периодот од 1993 до 1994 година бил селектор на Хрватска.

За прв човек на Фудбалскиот сојуз ан Хрватска бил избран во 1998 година и функцијата ја обавувал се до минатата година, кога го наследи Давор Шукер.

„Макфакс“