На 64- годишна возраст, денес, почина охриѓанката Воскресија Каневчева, која се вбројува меѓу десетте најдобри македонски пливачки.

Рамо до рамо со Атина Бојаџи, Каневчева во шеесеттите години, била меѓу најуспешните пливачки на долги патеки, но и во базен.

Има освоено бројни први места во Македонија и пошироко. Во 1965 година била меѓу најуспешните пет на маратонското пливање во Суетцкиот канал на 60 километри. Две години подоцна, во Капри- Неапол, е победник во аматерска женска конкуренција.

Својата пливачка кариера, Воскресија Каневчева,  ја минала како член на клубот „Охридски бранови“.

OhridNews