Дури 134 лица од Тетово добивале социјална помош речиси две години по смртта, соопшти денеска министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски.
Според Ремески, од Центарот за социјална помош иако знаеле дека лицата се починати и натаму им била исплаќана социјална помош.

„Наште служби направија проверки во неколку Центри за социјална помош и пронајдоа голем број злоупотреби. 134 лица од Тетово добивале социјална помош речиси две години по смртта, а дел од нив сé уште се наоѓаат во Избирачкиот список“, рече Ременски.

Таа рече дека тоа е само дел од она што го пронашле, а најави дека во следните денови ќе објават злоупотреби и во други градови.

OhridNews
извор Макфакс