На 11.09.2022 година во 13 часот во СВР Охрид, пријавено е пронајдено починато лице во месноста „Краста“, атар на охридското село Лескоец, информираат од СВР Охрид.

Од извршениот увид, предводен од Јавен обвинител, констатирано е дека станува збор за 51 годишно лице од селото Лескоец чија смрт, без траги на насилство е констатирана од лекар на Итната медицинска помош Охрид, додаваат од СВР Охрид.

По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.

OhridNews