СВР Охрид соопшти дека лицето што вчера беше пронајдено мртво во водите на Охридското Езеро, е странски државјанин.
На 19.06.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид било пријавено дека во Охрид, пред ул.„Кеј Македонија“, во водите на Охридското Езеро бил пронајден B.J.(74) од Англија, кој не давал знаци на живот. Лицето било извадено на кејот, а од екипа на Итна медицинска била констатирана смрт без видливи траги на насилство, информира СВР Охрид.
Увид извршила увидна екипа на СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатито било дадено на обдукција.
Г.М.