Пријатели, роднини и почитувачи на делото на д- р Елена Каваева и нејзиниот сопруг изразуваат голема благодарност до OhridNews за иницијативата за уредување на вечното почивалиште на една од најзначајните личности во поновата историјата на градот, основачот на детскиот диспанзер, познатата „Маларична” во Охрид.

Сакаме да изразиме голема благодарност до OhridNews за големиот придонес за поставување Спомен- обележје на вечното почивалиште на основоположниците на здравството во охридско-струшкиот регион, Д-р Елена и Д-р Владимир Каваеви. Истовремено,  јавно им се заблагодаруваме и на сите  кои ја подржаа оваа иницијатива и нејзината реализација. Им се заблагодаруваме на сите членови на Советот на град Охрид, на Градоначалникот Никола Бакрачески, на Управата на Јавното претпријатие „ Градски Гробишта“ и на непосредните изведувачи на работата околу уредувањето на споменикот на брачниот пар Каваеви, се наведува во испратениот допис .

Почитувачите на делото на Каваеви изразуваат надеж дека наскоро ќе се реализира и одлуката на советот- Здравствениот Дом  да го добие името на почитуваната Д-р Елена Каваева.

OhridNews