Граѓаните на Република Македонија во наредните шест месеци за едно евро од квадрат ќе можат да ги легализираат дивоградбите.

За таа цел тие најдоцна до 3-ти септември до општината каде имаат дивоградба, треба да поднесат барање за легализација за што се потребни следните документи:

-уверение за државјанство или копија од лична карта за домашно физичко лице односно дозвола за постојан престој за странско физичко лице, а за домашно и странско правно лице, извод од Централен регистар на Република Македонија односно од соодветната институција во државата во која странското правно лице има седиште;

-доказ за приклучок на комунална инфраструктура и/или сметки за јавни услуги (струја, вода итн.) а доколку бесправниот објект нема инфраструктурни приклучоци изјава заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот ќе потврди дека бесправниот објект е изграден пред влегувањето во сила на овој закон;

-геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект со имотен лист.
 
За легализација на дивоградбите во националните паркови или заштитени градски зони, како што е старото градско јадро на Охрид, покрај овие документи, ќе биде потребно и позитивно мислење на институција задолжена за заштита на конкретното подрачје.

Се проценува дека во Македонија има над 310 000 дивоградби.

OhridNews