Почна онлајн продажбата на билети за натпреварот на Градскиот ракометен клуб Охрид од 1/8 финалето на ЕХФ Европскиот Куп со Дукла Прага од Чешка.
Првиот натпревар се игра во салата „Билјанини Извори“ во Охрид на 14.02.2026 (сабота) со почеток од 18:00 часот.
Билетите се пуштени во продажба онлајн на: https://mktickets.mk/event/grkdp/
Бидете 8-ми играч на Охрид и дел од спортскиот спектакл во „Билјанини Извори“, да стигнеме до што поубедлива победа на домашен терен! – порачуваат од ГРК Охрид.
OhridNews













