ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид по повод Денот на ослободувањето на Охрид – 7 Ноември, по трет пат организира турнир во мал фудбал „Futsal OHRID FREED 2025“, на кој ќе настапат екипи на јавните претпријатија и приватните компании.
Турнирот ќе се одржи во спортската сала „Билјанини Извори“.
Заинтересираните треба да состават своја екипа од максимум 10 играчи кои не мора да се вработени во претпријатието или компанијата. Список на играчи (име, презиме, заверен со печат и потпис од организацијата) треба да биде доставен до дирекција на ЈП „Билјанини Извори“ најдоцна до 03.10.2025. Котизацијата за турнирот изнесува 9000 денари по екипа, и истите треба да биде уплатена најдоцна до 10.10.2025 година (петок):
- Жиро сметка: 250000200889342, Шпаркасе Банка
- Цел на дознака: за турнир во Futsal OHRID FREE
Пријавувањето на екипите се врши на e-mail: [email protected] или на тел. 076 443 004
ЈП „Билјанини извори“
Бројот на екипи е ограничен, посочува организаторот.
Минатата година на турнирот „Futsal OHRID FREED“ триумфираше екипата на Инекс Олгица Хотел СПА која во финалето по изведувањето пенали беше поуспешна од АСП ПАК.
Г.М.
Фото: А. Момироска