Во организација на Женски Центар „Бисера“ и оваа година ќе се одржи манифестацијата „Тортијада“. Годинешната манифестација има хуманитарен карактер и е насловена „Од срце за Јана“. Дел од средствата кои ќе се соберат ќе бидат донирани за лекувањето на Јана Арсоска.
На тортијадата, што ќе се одржи на 9-ти ноември, со почеток во 19.30 часот во хотел Амбасадор, ќе се натпреваруваат слаткари професионалци и аматери. Покровител на манифестацијата е Др. Виолета Мицкоска.
Сите заинтересирани слаткари и аматери кои сакаат да учествуваат на овогодишната хуманитарна тортијада можат да се пријават на тел. 075/320-737 , лица за контакт Наде Ристоска најдоцна до 04.11.2019 год.
Картите се продаваат по цена од 500 денари.
OhridNews












