Почнаа градежните  зафати за санација на мрежата за атмосферска канализација на дел од улицата „Коста Абраш“ на потегот од пресекот со „Самоилова“ па се до Долна Порта.

  • Јавното претпријатие „Нискоградба“, кое ја изведува реконструкцијата, ќе постави 80 метри канализационен вод со пречник ф/300, со што трајно ќе се реши проблемот со излевање на атмосферската вода при поголеми врнежи, велат од локалната самоуправа.

Поради изведување на градежните работи, сообраќајот на овој потег, целосно ќе биде затворен  во периодот од 07 до 17 часот, до завршувањето на реконструкцијата.

OhridNews