Денеска почна реконструкцијата и проширувањето на сообраќајницата која поминува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“.

Должината на новата улица е 480 метри, а градежните активности се очекува да завршат за неколку дена, информираат од локалната самоуправа од каде додаваат дека улицата, која ќе добие нова сигнализација и осветлување  видно ќе го растовари сообраќајот од населбите „Радојца Новичиќ“, „Долно Лакочереј“ , „Горно Лакочереј“ и „Орман“ кон централното градско подрачје.

OhridNews