Еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската унија, Јоханес Хан, пристигна во Валадата каде ќе има средба со премиерот Зоран Заев. Целта на посетата на Хан во Скопје е да разговара за реформите што Европската унија ги очекува од земјата како и да ја повтори пораката на ЕУ за препораките и насоките за влез во Унијата.

По средбата со премиерот Заев, Хан ќе има средба со владина делегација составена од вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Потоа Хан ќе присуствува на седница посветена на итните реформски приоритети за евро-атлантските интеграции на Македонија.

OhridNews

Макфакс