Во Санта Фе, Ново Мексико, САД, почна судењето на Алек Болдвин за убиство од небрежност. Обвинителството тврди дека пред смртта на снимателката Халина Хачинс, холивудскиот глумец ги прескокнал безбедносните проверки и невнимателно ракувал со револверот.

Доказите ќе покажат дека обвинетиот Алек Болдвин туку-така зел вистински пиштол в рака, прекршувајќи ги кардиналните правила за безбедност и огнено оружје, изјави обвинителката Ерлинда Окампо Џонсон.
Адвокатот на одбраната, Алекс Спиро рече дека „овие кардинални правила не се кардинални правила на филмската сцена“.
На филмски сет, безбедноста мора да е осигурана пред да се стави пиштолот во раката на глумецот, рече застапникот на Болдвин.
Првиот сведок кој сведочеше беше првиот полицаец кој пристигнал по пукањето. Видеото прикажано на суд од камерата на телото на Николас Лефлер, тогашен заменик-шерифот на Округот Санта Фе, ги покажува напори да се спаси Хачинс, која веќе е во несвест додека неколку луѓе се трудат да ѝ помогнат.
Филмот „’Рѓа“ е снимен и комплетиран. Сѐ уште не е одреден датумот на прикажување, според ИМДБ.
OhridNews











