Уловот на охридска пастрмка за потребите на вештачкиот мрест започна вчера и ќе трае до 16 март.

Во струшкиот дел од езерото вештачкиот мрест го изведува „Институтот за сточарство“ – Скопје, преку Мрестилиштето во с.Шум, додека во охридскиот дел од езерото мрестот го изведува Ј.Н.У „Хидробиолошки завод“ од Охрид.

Во Мрестилиштето во Шум се очекува да бидат инкубирани 500.000-1.000.000 зрна икра од охридска пастрмка. Неколкукратно повеќе зрна икра се очекува да бидат инкубирани во „Хидробиолошкиот завод во Охрид“.

Целокупниот вештачки мрест на Охридската пастрмка финансиски  е поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Мрестот се одвива под надзор на Државниот инспекторат за земјоделство.

OhridNews