На зимско сметање на времето преминаа сите држави во Европа, освен Исланд и за прв пат Русија.
„Прилагодувањето на помрднувањето на
стрелките на часовникот е поврзано со стрес“ изјави претседателот на Русија, Дмитриј
Медведев.
Осдредени експерти предупредија дека непреоѓањето на зимско сметање на времето може да
предизвика економски проблеми во Русија.
Воведувањето на летното сметање на времето бил долг процес. На 21 мај 1916 година Велика Британија, следејќи го примерот од Германија, по прв пат го воведува летното сметање на времето. Отпрвин договорот бил часовниците да се поместуваат по 20 минути во текот на 4 последователни недели, односно вкупно 80 минути. Причината била, исто како и денес, повеќе да се искористи сончевата светлина во текот на приквечерието, а помалку светлина да остане неискористена во текот на утрото, но сето тоа да не биде многу драстично.
Во Европа, во 1996 година постигнат е договор од зимско кон летно сметање на времето да се преминува во последната недела од месец март, точно во 01:00 часот наутро според универзално време, односно во 02:00 часот според средноевропско време.
Зимското сметање на времето во Европа трае до 28 март 2010 година.