Околниот пат до Плаошник, по кој ќе минува тешката механизација која ќе биде вклучена во реализација на проектот за возобновување на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник, е речиси пробиен и наскоро ќе се интензивираат предвидените градежни работи, информираат од Заводот и Музеј Охрид.


-Отпочнати се земјени работи за изградба на темели од музејскиот простор од комплексот. До 2014 година треба да се заврши со изградба на дел од објектите до фаза карабина, по што ќе се пристапи кон ентериерно уредување.-најави директорката на охридскиот Завод и Музеј Тања Паскали Бунташеска.

Таа истакна дека градежните работи ќе се одвиваат со забрзано темпо, посочувајќи дека проектот за возобновувањето на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник е од највисок приоритет.


Според  проценките,  изградбата на комплексот на Плаошник треба да заврши до 2016 година, за што државата ќе издвои околу 24 милиони евра.

OhridNews