Вчеравечер се одржа првиот од низата собири на граѓани на кои се врши избор на членови на Совети на Урбани Заедници.
Вториот предвиден собир ќе се оддржи на 5- ти декември, четврток, со почеток во 19 часот, во општинската зграда, а се однесува на Урбана Заедница -3 “Кошишта”.
Урбаната Заедница -3 “Кошишта” се граничи со: од Исток ул.”Пирин Планина”, ул. “Кирил и Методи”, собирна улица “С-9”, од Запад ул. “Бистрица”, од Север ул. булевар “Туристичка” и од Југ ул. “Васил Стефоски”.
Во оваа урбана заедница се опфатени улиците: “Гоце Делчев” – од бр.111 лева страна и 118 десна страна- пресек со ул. “Пирин Планина” до пресек со ул. “Бистрица”бр.229 лева страна и бр.250 десна страна, ул.“Кирил и Методи” – дел од бр.42 до крај десна страна и од 19 до крај лева страна, ул.“Вардар”,ул.Андон Дуков од бр.39 до крај и од бр. 18 до крај, ул.“Пирин Планина” – дел лева страна од почеток до бр.35, до пресек со ул.булевар “Туристичка”,ул.булевар “Туристичка” лева страна од бр.89 пресек со ул. “Пирин Планина” до пресек со ул. “Бистрица” бр.97, ул.“Стив Наумов” –од почеток до бр.49 и бр.2 до бр.38, пресек со булевар “Туристичка”, ул.“Пере Тошев”, ул.“Петар Поп Арсов”, ул.“Ѓоре Георгиески”, ул.“Крум Точков”, ул.“Васил Стефоски” – дел од бр.2 до бр.20 пресек со ул.Бистрица, ул.“Махмут Рифат”, ул.“Ариф Мустафа”, ул.“Џаџи Мустафа” – дел од почетната точка до бр.50 и од почеток до бр.27- пресек со ул. “Бистрица”, ул.“Илија Дуданоски”.
OhridNews