Со натпреварот помеѓу бранителот на трофејот Сатеска и Ночелино, вечерва во Мешеиште почнува јубилејното 50-то издание на турнирот во мал фудбал „Петровден 2025“.
Натпреварот почнува во 20:30 часот.
Вечерва на програмата се уште два натпревари:
21:30 Гранит Х – Компани Стојкоски
22:30 Ескобар Волино – Чардак Велгошти
На турнирот годинава ќе настапат 34 екипи кои ќе се борат за престиж и за дел од вкупниот награден фонд од 500.000 денари.
Резултатите и збиднувањата на турнирот Петровден 2025 – Мешеишта, следете ги на Охридњуз кој традиционално е медиумски партнер на овој спортски настан.
Г,М.