На ракометното игралиште „Горан Попоски – Бабец“ во Струга денес почнува 51. издание на Струшкиот ракометен турнир.

Љубителите на ракометот утре ќе може да ги погледнат дуелите меѓу АЕК Атина од Грција и Динамо Панчево од Србија, како и Ескилстуна Гуиф од Шведска и Струга.
Вo петок ќе настапат екипите на Вардар и Гуиф и екипите на Алкалоид и АЕК Атина.
Последниот ден е резервиран за натпреварите за пласман.
Освојувач на ланскиот турнир е екипата на Еурофарм Пелистер, која годинава не настапува.
OhridNews










