Од денес почнува „Lychnidia Beer Fest 2026“ кој ќе се одржува до 8 септември во ресторaнот „Лихнидија“ во населбата Св. Стефан. Четиридневната фестивалска програма ќе понуди пиво, „street food“, музика во живо и добра забава покрај Охридското Езеро. Вечерва за забавата задолжени се „LUGER“ од 20 часот и „THE BACKDOOR BAND“ од 22 часот.

Во недела, 6 септември, атмосферата ќе започне уште попладне, од 15 часот ќе настапат Перчо и Фолк Мерак, а од 17 часот Владо Броз и Марама.

Понеделник, 7 септември, е резервирана за „BAD CONTRACT“ од 20 часот и „OVERTONE“ од 22 часот, со специјален гостин Александар Јосифоски.

Фестивалот ќе заврши на празничниот 8 Септември. Од 14 часот ќе настапи „Acoustic Duo Nika“, а од 17 часот група Фросина.

Влезот на „Lychnidia Beer Fest 2026“ во „Lychnidia Food Zone“ во нас. Св. Стефан е слободен.

Резервации не се потребни – само добра енергија, добро друштво и љубов кон пивото! – порачуваат организаторите.

OhridNews