Денеска во Македонија и на северната хемисфера на планетата почнува есента. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува пролетта.

Есента ќе трае до 21 декември кога настапува зимата.

На првиот ден од есента ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има денеска, кон крајот на денот. Ќе дува умерен до засилен ветер од променлив правец. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 23 степени Целзиусови.

OhridNews