Почнува главниот претрес за трагедијата кај Пливалиште
12.04.12 00:05
Во Основниот суд Струга денеска треба да започне главниот претрес во повторениот судски процес за трагичната несреќа што пред речиси една и пол година се случи на летен шанк во комплексот „Пливалиште“, при што од струен удар загинаа тројца стружани.
Јавното обвинителство пред почетокот на повторениот судски процес го измени обвинителниот акт, со што обвинетите Цвете Вранишкоски, Климе Миладиноски и Гоце Јанески нема да одговараат како соучесници, туку ќе се утврдува одговорноста на секој од нив поединечно за кривичното дело за кое се товарат „предизвикување тешки дела против општата безбедност“.
Овој судски предмет беше вратен на повторно судење откако Апелациониот суд во Битола ја укина претходната пресудата и ја уважи жалбата на бранителите на обвинетите.
Според решението на Апелациониот суд во Битола, првостепениот суд недоволно ја утврдил фактичката положба, а немало ниту образложение какви дејствија поединечно презеле тројцата обвинети. Тие беа прогласени за виновни и им беше изречена вкупна затворска казна од 10 години и 4 месеци.
Во несреќата што се случи на 11 септември 2010 година на диво поставен шанк во комплексот Пливалиште, настрадаа тројцата долгогодишни пријатели, лекарите Јосиф Докоски (56) и Киро Ѓоргоноски (57), како и Јоско Кувенџиески (48).
Банката во Битола соопштува дека работи редовно, Народната банка ги следи и ризиците од сопственичката поврзаност Власта и опозицијата со спротивставени оценки за случајот Надзорот врз АЛТА банка А...
Легендарниот хрватски пејач Мате Мишо Ковач почина денеска на 85-годишна возраст, објавија хрватските медиуми ХРТ, повикувајќи се на информации на „Слободна Далмација“, објави дека Ковач починал во...
На 30102026 во 1430 часот, во СВР Охрид лишено од слобода е 39-годишно лице од Струга кој претходно, кај месноста „Мечкина дупка“ во близина на Охрид е затекнат како запалил оган и горел гуми и пла...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.