Традиционалниот музички фестивал „Балкански Музички Плоштад“, по десети јубилеен пат ќе се одржи во Охрид.

Првата фестивалска вечер на Античкиот театар ќе ја отвори групата “Бесидос” од Германија, а по нив ќе настапи атрактивната грчка група “Имам баилди” од Атина, која со галопирачки успех станува се попопуларна и една од водечките претставници на балканскиот звук во Европа.

Втората фестивалска вечер, утре, е посветена на македонски артисти. Најпрвин ќе настапи охридскиот гитарски виртуоз Дамјан Пејчиновски, а веднаш по него целовечерен концерт ќе одржи Елена Ристеска придружувана од тамбурашкиот оркестар “Ѓезме” од Куманово.

И оваа година влезот за фестивалот е бесплатен, бидејки е финансиран исклучиво од спонзори и донатори. Организарор на фестивалот е продуцентската куќа „Трето уво“.

OhridNews