Вечерта помеѓу 30 и 31 март, во 2 часот почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот. Европските земји сега се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика. Согласно одлуката на Европскиот парламент тоа треба да се случи во 2021 година.

OhridNews