Празничната фудбалска треска во Англија ќе започне со натпреварите од 18-то коло, во кои водечките екипи од Манчестер не би требало да имаат тешки задачи.


Лидерот Јунајтед ќе му гостува на Свонси кој загуби на последните две првенствени средби, но успеа да избори пласман во полуфиналето на ФА купот. Актуелниот првак Сити ќе му биде домаќин на ’фенерџијата’ Рединг.

На освојување на бодовите се надеваат и најдобрите лондонски тимови, Челзи е фаворит против Астон Вила, Тотенхем ќе го пречека Стоук, кој нема пораз на последните седум натпревари, додека Арсенал ќе гостува во Виган, кој на последните четири средби освои само еден бод.

Двојки :

Сабота, 22. декември: Виган-Арсенал, Манчестер Сити-Рединг, Њукасл-КПР, Саутемптон-Сандерленд. Тотенхем-Стоук, ВБА-Норич, Вест Хем-Евертон, Ливерпул-Фулам

Недела, 23. декември: Свонси-Манчестер Јунајтед, Челзи-Астон Вила


Табела:
Манчестер Ј. 42, Манчестер С. 36, Челзи (-1), Тотенхем и Арсенал 29..

“Макфакс“