Од утре до 7 септември, по деветти пат, ќе се одржи Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2026“. Според најавата на организаторот, Здружението „За Трпејца со љубов“ од Охрид, на колонијата ќе учествуваат седум уметници од Македонија и од регионот, Оливета Бабиќ и Жељко Старовиќ од Добој, Даница Стојановиќ и Мина Димитријевиќ од Ниш, Демир Демироски од Минстер, како и Наташа Попоска-Карче и Ѓоко Симјаноски од Охрид.

Покровител на колонијата и годинава е Општина Охрид, а организаторите упатуваат посебна благодарност и до помагателите: хотелот „Десарет“, „Топ маркет“ и „Жито леб“, сите од Охрид, како и до неколкуте кафеани во Трпејца.
Во изминативе осум години, на колонијата учествувале близу 40 автори од земјава и регионот, а во сопственост на колонијата се близу стотина уметнички дела, кои се веќе опремени и подготвени за изложби.
OhridNews










