Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ Скопје НУ во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, НУ Охридско лето, и Општина Охрид, оваа година за прв пат ја организираат меѓународната летна архитектонска школа насловена како АРХИТЕКТУРАТА КАКО ПЕРФОРМАНС. Проектот „КРЕАТИВЕН ОХРИД СЕГА“ ќе се реализира од денес до 7-ми јули во поткровјето на ОСУ „Св Климент Охридски“.

Работата и тематскиот опфат на школата се насочени кон архитектурата, визуелни уметности (дизајн) и урбанизам. Крајната цел на предвидените активности, е низ мултидисциплинарен пристап, да се ре-откријат вредностите на културните амбиенти во контекст на широко сфатената креативност, а со цел да се прифати и утврди дефиницијата на архитектурата како перформанс низ концептот на ревитализирана култура, приближувајки се на тој начин и делувајки низ суштински разбрани поенти на креативните индустрии.

OhridNews