Во Основниот суд во Охрид денеска треба да започне новиот судски процес за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски (27), што се случи на дочекот на Нова година во 2016 година што според обвинението го изврши Бојан Угреновиќ (30), од Краљево – Република Србија. Тој сега се брани од слобода, бидејќи судот му го укина притворот согласно законот за кривична постапка, каде по член 123 став 1, кој што се однесува на крично дело убиство, а предвидува казна затвор во траење од најмалку 5 години, истиот може да трае една година. Овој законски рок истече на 27-ми јули.

До ваков расплет дојде откако апелацискиот суд во Битола ја укина првичната одлука на Основниот суд Охрид кој обвинетиот во декември минатата година го осуди на казна затвор од 16 години и го врати предметот на повторно судење. Уследија два неуспешни обиди да почне судскиот процес во мај и јули оваа година поради непојавување на обвинетиот, односно на неговиот бранител во вториот случај. А кога конечно се создадоа услови да почне главниот претрес на рочиштето што се оджа на 25-ти јули обвинетиот спротивно на исказот даден на првото судење кога се изјасни за виновен и изрази каење за стореното кривично дело, се премисли и изјави дека се чувствува невин. Поради тоа судечкиот судија Весна Кичеец го прекина судењето и закажа ново рочиште за денеска, кога треба да бидат сослушани сведоците во случајот. 

OhridNews