Во организација на Црвен крст Охрид со поддршка на Американскиот мировен корпус, започнува нов циклус од Детскиот час за приказни на англиски јазик (Children’s Story Hour).

Волонтерите-предавачи од Црвен крст Охрид и Американскиот мировен корпус, во текот на наредните месеци, на забавен и интерактивен начин, преку приказни, песни, уметност и вежби, користење на англиска литература за деца, ќе ги надградуваат и зајакнуваат знаењето на англискиот јазик и ќе поттикнуваат и развиваат нови креативни вештини, ќе ја развиваат емоционалната сигурност како и хуманоста и солидарноста кај децата уште од најмала возраст.

Детскиот час за приказни е наменет за деца на возраст од 4 до 9 години. Родителите заинтересирани за оваа програма, можат да ги запишат своите деца лично во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 10-15 ч, до 3-ти февруари 2012 година.

OhridNews