Денес почнува новата учебна 2011/2012 година за околу 210.000 основци и 90-ина илјади средношколци.
Во општина Охрид денес во училишните клупи ќе седнат 4.895 основци, од кои 520 првачиња и 2.694 средношколци од кои 625 во прва година.
Како што одлучи министерството за образование, поради топлото време наставата во текот на првите два дена ќе се одвива со скратени часови.
Со предвидените измени на законите за основно и средно образование, оваа година учениците ќе имаат неколку новини во наставата, меѓу кои електронскиот дневник и совети, школи но и казни за родителите чии деца имаат слаб успех или непримерно се однесуваат.
Доколку родителот не одговори на поканата на психолозите и педагозите, може да биде казнет со 200 евра, а ако не се јави на три покани по ред, според новите измени на законите, ќе биде известен Центарот за социјална работа.
Со новите е-дневници, родителите во секој момент ќе можат да ги проверат оценките и присуството на часовите на своето дете.
Воведена е и задолжителна дополнителна настава за децата со послаб успех а и екстерно тестирање на учениците за да се оцени објективноста на наставниците.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишно лице од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на на...
Во првите девет месеци од 2026 година, двата македонски аеродрома со кои управува ТАВ Македонија, Меѓународниот Aеродром Скопје и Aеродромот Св Апостол Павле Охрид, опслужиле вкупно 3,3 милиони пат...
Наградата „Драги“, воспоставена во чест на Драги Михајловски (1951 – 2022), македонски писател, преведувач, есеист кој остави траен белег во македонската култура со препевите на целокупното дело на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.