
Од локалната самоуправа велат дека бројот на новозапишани ученици годинава е речиси идентичен со запишаните минатата учебна година, но и натаму е присутен трендот на опаѓање на бројот на ученици, особено во руралните средини.
Според Министерството за образование тоа се должи на намалување на наталитетот и миграцијата село – град.
Во учебната 2012/2013 година во основните училишта во земјава настава ќе следат околу 200.000 ученици, од кои првачиња се 20.700.












