Денес со почеток во 12:00, во ООУ „Братство Единство“ Охрид, почнува Пионерската лига Охрид 2025 во шах во организација на ШК „Ласкер“ Охрид во соработка со Сојузот на училишни спортови Охрид.

Натпреварите ќе се одржуваат секој петок со почеток во 12:00 во ООУ „Братство Единство“ Охрид, почнувајќи од 28 февруари до 28 март 2025г. Пионерската лига ќе се игра екипно, на четири табли, по Бергер систем (секој со секого), со темпо на игра 15 минути со 10 секунди додаток на секој потег, информираат од ШК „Ласкер“.
Пионерската лига Охрид 2025 се организира во согласност со Годишната програмата за работа на ШК „Ласкер“ Охрид, финансирана од Општина Охрид.
OhridNews










