Во 1. кошаркарска лига на Македонија викендов почнуваат натпреварите од плеј-офот кои ќе ги дадат патниците во Супер лигата.
Во првото коло ГКК Охрид денеска во салата „Билјанини извори“, ја пречекува екипата на Соколи од Штип.
Мечот е од огромно значење во борбата за место во елитата. Дојдете да бидете нашиот шести играч! Да ја наполниме салата, да создадеме атмосфера и заедно да го направиме првиот чекор кон целта. – порачуваат од ГКК Охрид.
Натпреварот Охрид – Соколи почнува во 17 часот.
Г.М.













