Полагањето е дел од проектот „Безбедно управување со мопед“, односно од глобалната децениска кампања, за зголемување на безбедноста на патиштата, со што на младите ќе им овозможи полагање за возачка дозвола од националната „М„ категорија. Истиот, се спроведува под мотото „Време е за акција„ а по иницијатива на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Проектот, се реализира во соработка со училишните центри во Охрид,Струга, Кичево и Дебар, како и во партнерство со авто-школите, испитниот центар-Кичево и со општинските организации на Црвениот крст. Се работи за организирана акција за едукација на најмладите за полагање на возачки испит од „М„ категорија со што ќе се превенираат несаканите последици од непочитување на сообраќајните правила и прописи, и ќе се подигне степенот на безбедносната култура кај најмладите.
Учениците кои доброволно и во присуство на родител, изминатиов период, писмено се пријавија во сообраќајната полиција во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, ќе треба до 18-ти овој месец, да достават потврда за посетена настава, со цел навремено ажурирање на списковите и спроведување на полагањето.