„Во интерес на непречено функционирање на Државната изборна комисија во полн состав, согласно предвидените процедури и во насока на создавање на сите претпоставки за одржување на фер и демократски избори, за утрешниот ден закажав седница на Собранието на Република Македонија на која ќе отпочне постапка за избор на нов претседател на Државната изборна комисија. Постапката ќе трае согласно предвидените законски рокови“, се наведува во писменото соопштение на Вељаноски.
Како што информираат од Кабинетот на Вељаноски, со работата на ДИК во моментов раководи заменикот претседател на Комисијата.
Од таму додаваат дека, според оценката на претседателот на ДИК во оставка, Државната изборна комисија располага со капацитет за успешно совладување на сите предизвици и е подготвена стручно да спроведе избори кога Собранието ќе одлучи за тоа.
Новаковски пред два дена поднесе оставка од функцијата претседател на ДИК.
Во оставката до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, тој наведува дека причината за ваквиот чекор е тоа што била загрозена неговата непристрасност и доверба.
Тој на оваа позиција беше од 4 декември 2008 година.
извор: „Макфакс“