Од вечерва на полноќ во Република Македонија стапи во сила предизборниот молк во пресрет на локалните избори 2025, кои ќе се одржат во недела. Молкот ќе трае до затворањето на избирачките места, односно до 19 часот на денот на гласањето.
Според Изборниот законик, за време на изборниот молк е забрането секое објавување или пренесување пораки со изборна содржина, вклучително и:
- емитување или објавување на платени политички реклами, анкети, анализи и повици за гласање;
- организирање јавни собири, митинзи, маршеви или други настани поврзани со кампањата;
- изјави на кандидати, носители на јавни функции или партиски претставници кои може да влијаат врз гласачите;
- објавување содржини на социјални мрежи кои можат да се толкуваат како агитација.
Државната изборна комисија (ДИК) апелира до медиумите, учесниците во изборниот процес и граѓаните да ги почитуваат правилата на молкот, потсетувајќи дека прекршувањето на забраните може да резултира со прекршочни или кривични санкции, согласно член 181 од Изборниот законик.
Локалните избори ќе се одржат во недела, 19 октомври 2025 година, кога граѓаните ќе избираат градоначалници и членови на општинските совети низ целата земја.
OhridNews