Денеска во 12 часот и две минути, на северната полутопка на земјата, календарски почнува пролетта. Истовремено на јужната хемисфера настапува есента.
Пролетта ќе трае 92 дена односно до 21 јуни во 7 часот и 4 минути кога ќе почне летото.
Првиот пролетен ден ќе трае 12 часа и пет минути.
Во Охрид денес ќе биде сончево со максимална температура до 17 степени.












