Утринава во 4 часот, 49 минути и 37 секунди се случи пролетната рамноденица со што официјално започна пролетта, ставајќи крај на зимата. Доаѓањето на пролетта секоја година варира помеѓу 19 и 21 март.

Овогодинешното доаѓање на пролетта е најрано во последните 124 години. Во Северна Америка пристигна уште на 19 март, на пример во Лос Анџелес во 20.49 часот.

Пролетта ќе трае до 20 јуни кога во 22.44 часот ќе настане летниот сонцестој и ќе означи почеток на летото. Вкупно 92 дена, 16 часа и 54 минути ќе трае пролетта.