Со настапот на еден од најдобрите балкански и европски џез бендови, Васил Хаџиманов бенд, на плажата Куба Либре, вечерва се отвара првиот “Џез фестивал” во Охрид.
Се најавува изведба во нивни прпознатлив стил џез-фанк/фјужн со композиции од последниот албум на бендот “Живота ми” кој од страна на музичките критичарии е оценет како најдобар албум на Балканот.
Фестивалот продолжува утре вечер со настап на еден од најдобрите грчки џез музичари Костас Теодороу со постава која доживува голем успех низ Европа. Ќе изведат композиции од нивните последни албуми, претежно во етно-џез стил.
После овие два настапи следуваат два пополноќни џем сешн концерти во џез клубот “Џез инн”.
На последната фестивалска вечер, на 24- ти август, ќе настапи еден од најдобрите перкусионисти на сите времиња, кубано-американската звезда Оскар Салас , познат како член на бендовите на Дејвид Брн, Џако Пасториус,Артуро Сандовал,Алекс Акуна , Брекер Брадрс и многу други, во заеднички настап со триото на нашиот џез виртуозот Тони Китановски.
Со стабилизацијата на општинските финансии во изминатите четири години, Општина Охрид реализираше обемни инвестиции за подобрување на условите во сите основни и средни училишта Процесот на модерниз...
ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 09102026 год(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од УЗ10 и УЗ6 : Горна Влашка маала, на...
Цените на угостителските услуги во септември годинава во однос на истиот месец лани се зголемени 3,8 %, соопшти Државниот завод за статистика По групи, во септември 2026 година во однос на август 2...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.