Во средните училишта во земјава денеска почнува првиот упис за учебната 2012/13. Во трите средни училишта во Охрид има вкупно 1146 слободни места.

Во општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ во прва година ќе се запишат 442 ученици во 13 паралелки:

-Гимназиско образование – 272 ученици, 8 паралелки
-Економско- правна и трговска струка – 136 ученици, 4 пар.

Во општинскиот електромашински училишен центар „Св. Наум Охридски“  во прва година ќе се запишат 398 ученици во 12 паралелки (330 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за:

-Машинска струка – 102 ученици, 3 паралелки
-Електротехничка струка – 194 ученици, 6 паралелки
-Лични услуги – 34 ученици, 1 паралелка
-Сообраќајна струка – 68 ученици, 2 паралелки

Во општинското угостителско – туристичко училиште „Ванчо Питошески“ во прва година ќе се запишат 306 ученици во 9 паралелки: 

-Угостителско-туристичка струка – 272 ученици, 8 паралелки
-Прехранбена струка – 34 ученици, 1 паралелка

Резултатите од првиот уписен рок ќе бидат објавени на 18 јуни. Во училиштата каде ќе има поголем број пријавени од слободни места на 21 јуни ќе се одржи квалификациското тестирање, а резултатите ќе бидат објавени на 22 јуни 2012 година.

Вториот уписен рок е на 27 и 28 јуни, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 29 јуни 2012  година.

OhridNews