Верниците од исламска вероисповед денеска го почнуваат рамазанскиот пост, што трае 29 дена до 3 јуни, а на 4 јуни ќе го слават Рамазан Бајрам.
Муслиманите следат лунарен календар и заради методологијата на набљудување на Месечината, различни држави објавуваат различен почеток на Рамазан со еден или два дена разлика.
Постењето за време на Рамазан се смета за еден од столбовите на исламот. Се бара од верникот целосно воздржување од јадење и пиење и телесно задоволства од изгрејсонце до зајдисонце. Се чита поинтензивно Коранот и молитви. Исклучот од постот се дозволува за деца, стари лица, болни, бремени жени и тие кои патуваат.