
Државната каса за следната година ќе изнесува 176,5 милијарда денари. Приходите се планирани на 158 милијарди и 243 милиони, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти и ќе се финансира од домашни и од странски извори. Растот на БДП е проектиран на 3,2 проценти, а инфлацијата од 3,3 проценти. Нивото на буџетскиот дефицит, според проекците, ќе изнесува 3,5 проценти.
Предлог-буџетот за 2014 година претходно и беше доставен на Владата заедно со извештајот од Комисијата за финансирање и буџет за прифатените, разгледаните и поднесените амандмани. Во десетдневниот рок собраниската Комисија за финансирање и буџет прифати пет од поднесените 684 амандмани. Во рокот од десет дена за амандманската расправа Комисијата успеа да разгледа само 291 амандман.












