Љубителите на филмската уметност ќе имаат можност да ги проследат и филмовите: “Работи што не сум ти ги кажала”, ” Недопрено”,” Мартин”, документарниот филм “Чудото од Кандеал”,” Песот на градинарот” и “Еден франк, 14 пезети”.
– Проекцијата на филмовите од шпанска продукција е резултат на нашата соработка со Кинотеката на Македонија и Амбасадата на Кралството Шпанија, од каде добивме одобрение за нивното прикажување. Станува збор за современи шпански филмови, меѓу кои ќе се најдат и комедии, акционен филм, психолошка драма, сценарија кои побудуваат голем интерес насекаде во светот, вали директорката на Центарот за култура, Драгана Боцевска.
Таа потенцира дека соработката со Кинотеката на Македонија продолжува и во наредниот период и дека идејата е секоја филмска ревија која ќе се прикажува во Скопје да има можност да ја види и охридската публика. Во тек се преговори, како што информира Боцевска, во текот на идната година во Охрид да се прикажат и неколку филмови од Јапонската филмска продукција.
Влезот за проекциите кои започнуваат во 20 часот е бесплатен.