Почнува серијалот на едукативни емисии со наслов “Енергетска азбука”. Емисијата е дел од активностите на Платформата за енергетска ефикасност на ЕВН Македонија и Министерството за економија. Целта на емисијата е да ја информира публиката за сите теми поврзани со енергетиката, со посебен акцент на енергетската ефикасност.

Во “Енергетска азбука” на интересен начин ќе бидат прикажани основите на енергетиката. Водител е актерот Зоран Љутков кој во овој серијал одблиску ќе ги посетува енергетските постројки и ќе ги промовира причините и начините за разумно користење на електричната енергија. Емисијата ќе има и интерактивен карактер, гледачите ќе можат преку специјално креирана Фејсбук страница да го тестираат своето знаење стекнато преку емисијата каде ќе ги чекаат и нови изненадувања.

Емитувањето е секоја втора сабота, на првата програма на Македонската радио телевизија во 13:30 часот. Репризата е во недела во 17:35 часот. На МТВ 2 емисијата ќе се емитува со превод на албански јазик, а премиерата е исто така во сабота во 19:10 часот.

OhridNews