Во Основниот суд во Охрид утре ќе започне судскиот процес за убиството што се случи на Нова година во центарот на Охрид, кога по претходна расправија во угостителски објект, надвор од него до смрт беше претепан 27-годишниот Димитар Матилоски. За убиството обвинет е српскиот државјанин Бојан У. (29) од Краљево, кој подоцна беше уапсен и оттогаш се наоѓа во притвор.
Како што е познато на 1 јуни Основното јавно обвинителство – Охрид до Основниот суд во Охрид поднесе Обвинителен акт против главниот осомничен за убиството за сторено кривично дело Убиство од член 123 од Кривичниот законик. Со ваквата квалификација не се согласува семејството на убиениот Димитар Матилоски, кое преку правниот застапник побара главниот осомничен да одговара за кривично дело „свирепо убиство“.
OhridNews