Во Основниот суд во Охрид денеска треба да почне судскиот процес за убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ,(34) кој настрада во тепачка што на 27-ми август се случи во центарот на Охрид.

Обвинителен акт е подигнат против четири лица. Митре Костоски и Илче Јоноски, двајцата од Охрид,  се товарат за убиство на свиреп начин. За истото дело е обвинет и српскиот државјанин Драган Ѓорѓевиќ, кој сеуште е во бегство. Четвртиот обвинет е Ѓоко Наумоски кој се товари за помагање по извршено кривично дело.

За убиството на српскиот турист првично беа осомничени 8 лица, а на седуммина им беше изречена мерка притвор. Четворица од нив по два и пол месеци поминати во Истражниот затвор во Шутка, поради недостиг на докази беа ослободени од притвор.

OhridNews