Верниците од исламската вероисповед денеска го започнуваат рамазанскиот пост кој трае 29 дена. Во тој период верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење и други физички задоволства.
По повод почетокот на Рамазанските пости, премиерот Никола Груевски упати честитка до претседателот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, како и до сите верници од исламска вероисповест.
-Месецот Рамазан за Вас е месец на толеранција, љубов и добрина, време на заедништво, радост и хармонија. Времето на сериозна насоченост кон вредностите нека ви даде дополнителна мудрост, сила и концентрација. Нека времето поминато во пост Ви биде исполнето со молитва и многу чисти мисли и дејанија. Добрата мисла нека Ве води, ифтарската вечера нека ги сплоти сите ваши роднини, пријатели и познаници, а воздршката нека ги успокои Вашите срца, а празнувањето нека Ве доближи до Бога ! “, се вели во честитката.
OhridNews