Во втората фаза од акцијата за чистење на Охридското Езеро од неексплодирани убојни средства која заврши во месец април минатата година, од дното на езерото беа извадени 8,6 тони неексплодирани средства. Додека пак во првата фаза од акцијата, која започна 2010 година, од Охридското Езеро беа извадени 7.3 тони неексплодирани убојни средства, што датираа од периодот на Балканските и двете светски војни. Опасниот материјал беше уништен на воениот полигон „Криволак“.
Акцијата се спроведува од страна на екипите за подводно деминирање на Дирекцијата за заштита и спасување, а со финансиска поддршка на американската Влада и Меѓународната фондација за заштита од мини „ИТФ“ од Словенија.
При извлекувањето на средствата се користи специјална опрема за подводно детектирање и извлекување на опасниот материјал.