Во Конгресниот центар во Охрид, денес, започнува третиот меѓународен кубански танцов фестивал „Хола Охрид 3“, кој ќе се одржи во организација на танцовиот клуб „Сонриса“.
Во рамките на тридневната програма на фестивалот, ќе се одржат дневни танцови работилници со професионални Кубански танчери и ноќни забави во Кубански ритам, кои се од отворен карактер. Работилниците ќе ги држат познати светски артисти од светот на Кубанските танци.
Фестивалот „Хола Охрид“ од година на година ја зголемува својата популарност и станува познат бренд кај љубителите на Кубанските танци и Кубанската музичка култура.
Танцовиот клуб „Сонриса“ веќе трета година по ред го организира Кубанскиот танцов фестивал – Хола Охрид. „Сонриса“ постои веќе 5 години и брои повеќе од 200 членови. Активно ги изучува латино танците, со фокус на кубанските танци и кубанската култура. Инструктори и основачи на танцовиот клуб се Нина Лековска и Димитар Мишев, кои имаат долгогодишно искуство во посета и учество на голем број фестивали надвор од нашите граници, како во Србија, Црна Гора, Бугарија, Грција, Тунис, и други.
OhridNews












